(Видео) Објавен промотивниот спот на Левица за собирање потписи за претседателската трка за професорката Ванковска

Политичката партија Левица го објави промотивниот спот за претседателската кампања за собирање потписи за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска со паролата „Да ја вратиме Татковината на народот!“.

Кандидатите за претседател за да може да се кандидираат на претстојните претседателски избори и немаат поддршка од 30 пратеници мора да соберат 10 000 потписи во подрачните единици и канцеларии на ДИК.

Поради голем интерес за поддршка на кандидатурата на професорката Ванковска од политичката партија Левица ни изјавија дека сите заинтересирани за давање потпис за претстојните претседателски избори ќе бидат навремено известени околу детелите и процедурата за собирањето потписи за нивниот претседателски кандидат.