Директор на ЈП Водовод и канализација за одржување на фонтани потрошил 75.520.000 денари

Душко Весковски во улога на генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје склучил три договори за одржување на фонтани во вкупна вредност од 75.520.000 денари односно над 1,22 милиони евра.

Првиот договор, Весковски од СДСМ го склучил на 13 јуни 2019 година со фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје, а бил во вредност од 35,4 милион денари. На 14 јули следната година со истата фирма е склучен договор во висина од 18,8 милиони денари, а и третиот договор склучен во јуни годинава бил со истата фирма и со вкупна вредност од 21,2 милиони денари.

Инаку Хидротек ДООЕЛ Скопје е истата онаа компанија со која Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош потпишал седум договри со вкупна вредност од 17,3 милиони денари.

Затоа овие избори се повеќе од важни за Општина Карпош. Карпошани сега имаат избор и треба да изберат помеѓу корумпиран кадар кој недомаќински управува со средствата на жителите или чесен кадар без багаж од минатото.

  • Реакција на Левица ЛО Карпош