ДПМНЕ ќе ги наградува вработените кои издаваат документи со „Северна“

Техничкиот Министер за внатрешни работи од ДПМНЕ Ташковски преку Фејсбук статус информираше дека ќе бидат наградени работниците кои најмногу се залагааат „Северна“ да се најде во личните документи на граѓаните за нивна сметка. На 25 вработени од други организациски единици кои доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во овој процес че им биде доделена соодветна награда!

„Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени“, изјави Ташковски.

Тој се заблагодари на вработените во ова одделение кои „и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните“. ДПМНЕ по добивањето технички министер за спроведување на Преспанскиот договор и името Северна се залага како никој до сега. Лагите за ревизија или раскинување на како што го нарекуваат „најлошиот договор во историјата“ пропаднаа во вода.