(Видео) Мециновиќ: Kаде е совеста за воздухот и за овој Армагедон!?

Загадувањето веќе десетина години е главна тема секоја зима, а главниот град во Македонија важи за еден од најзагадените градови во светот. Граѓаните негодуваат и бараат решение од одговорните институции, кои за жал целосно потфрлаат.

Советникот од Левица Амар Мециновиќ во Град Скопје, своето обраќање на последната седница го посвети за сопирање на мерките против аерозагадувањето. Тој нагласи дека на Скопјани им е попријатно да влезат во продавница, отколку да излезат на улица, за да не се закашлаат. Проблемот, тој го посочи во неажурноста на институциите, без разлика дали се на централно или локално ниво..

,,Преку правен позитивизам пробувате или да го рационализирате ограниченото учество на градот во решавање на проблемот со загадувањето, или да го оправдате неучеството. Прстот на јавноста е вперен во градската администрација, и вољата на граѓаните е да се реши ова хитно.

Ако ве блокираат други институции тогаш држете пресконференции цело време и обзнанете го тоа!”

Во прилог погледнете го целото обраќање на Советникот: