Бојкот, тензии и инциденти поради илегална албанска парелка во Чашка – родителите сѐ уште протестираат

Повеќе од еден месец влезот во учиштето „Тодор Јанев“ во Чашка со жив штит се чува од страна на родителите на учениците, а наставата е прекината. Тие не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која со посебен акт ја потпиша министерот Шаќири.

Ние сме подготвени да бојкотираме сѐ додека не се најде трајно решение. Не заплашија со казни, но ние сме подготвени и да ги платиме казните и децата да загубат цела учебна година“ – велат одлучно родителите.

Изминативе недели, полиција од Велес и Чашка е тампон зона помеѓу очајните родители и директорката на „Тодор Јанев“ која безуспешно се обидува да влезе во школото. Како што информираат за Антропол родителите и жителите на Чашка, по инцидентот од пред десетина дена, таа се нема појавено на своето работно место.

Вчера, на седница на Собранието на Република Македонија, со пратеничко прашање до премиерот Ковачевски се обрати пратеникот Борислав Крмов од Левица.

До кога мислите незаконски да продолжите да ја бутката нелегалната албанска паралелка во населба Чашка?”, праша Крмов.

Во своето излагање, пратеникот на Левица, истакна дека се работи за четири до шест дечиња, кои се практично „увезени“ од другото село и злонамерно користени политички за да се бутка чисто политички проект којшто нема врска со образованието, се прави непотребен раздор и омраза, иако и родителите на овие дечиња од албанска етничка припадност, не сакаат да се двојат од останатите деца, во посебна албанска паралелка, за само четири дечиња.

Левица дава целосна поддршка на протестот. Наши активисти беа и ќе бидат цело време таму. Заради сите овие законски прекршувања, ние поднесовме барање за вонреден инспекциски надзор во училиштето, за којшто не знаеме дали се случил и не знаеме кој е воопшто резултатот.“ – истакна Крмов.

Претходно, поддршката од Левица ја истакна и претседателот и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, кој на својот профил напиша:

Предавниците имаат име и презиме – поддршка за родителите од Чашка!

Родители и жителите на Чашка се одлучни да истраат до крај, без оглед на заканите, макар и по цена децата да повторуваат година. Тие се секојдневно пред учиштето од 07:30ч. до крајот на работниот училишен ден и најавуваат дека нема да престанат и по Нова година.