Апасиев: Предавниците имаат име и презиме – поддршка за родителите од Чашка!

Секојдневните протести на родителите станаа тензични во Чашка. Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која вчера мораше да побара полициска заштита за да дојде на работа. Во ова училиште, надвор од законската регулатива, беше воведена паралелка на албански јазик, која родителите во училиптето не ја прифаќаат.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи упати поддршка до родителите на децата од Чашка.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.