СДСМ го реизбра главниот пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ

Марјан Цветковски е реизбран за директор на МРТ и со тоа му е продолжен мандатот за уште барем 3 години. Тој на оваа функција беше поставен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Цветковски е реизбран пред да се донесе Законот за медиуми, што делува премногу сомнително за да е коинциденција. Реформите во медиумите беа и се едно од главните барања на Европската Комисија и Извештајот на Прибе. Иако СДСМ честопати ветуваше брзо исполнување на овие реформи, тие, по доаѓањето на власт, ги ставија во втор план и се посветија на идентитетот и зголемување на давачките.

Членовите и симпатизерите на СДСМ, посебно оние кои сега се вработени како ПР експерти или советници во власта, имаа редовни критики кон начинот на водење на МРТ од страна на Цветковски. Сега молчат.