Прво висококатници во Ѓорче, а потоа, можеби, ќе се гради училиште

Прво висококатници (читај: станче за нив), па отом-потом (можда никад) инфраструктура и училиште/градинка – така одлучија претставниците на ДПНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров за протегот карши пазарот во Ѓорче. Лицемерни пијавици! Душмани на народот и хуманото живеење, вели советничката во Општина Ѓорче Петров, Дарја Мустафаоглу од Левица.

Таа е најгласната противничка на новиот ДУП, кој неодамна на вонредна седница беше изгласан во општината.

-Нека каже некој “ама ВМРО не е на власт зошто ги напаѓате?”… Хаос прават во општините – објави Мустафаоглу на социјалните мрежи.