Левица нема да му се извини на градоначалникот на Штип Иван Јорданов

  • Соопштение на Левица – ЛО Штип

Советникот од редовите на Левица, Ангеле Михајловски, доби писмо со закана за тужба од Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Имено, во еден регионален штипски медиум, а поврзано со барањето за доделување на локација за пошумување од страна на една приватна компанија од Штип, беа изнесени информации кои очигледно не му се допаднаа на градоначалникот и поради тоа тој испрати заканувачко писмо со барање за јавно извинување до советникот Михајловски.

Со ваквата постапка локалните власти испраќаат јасна порака за замолчување на членовите на Левица, единствените кои работат и се борат за јавниот и општествениот интерес на граѓаните.

На Градоначалникот јасно му порачуваме дека со неговите смешни закани не може да нè уплаши! И ништо, ниту една закана или уцена нема да ја спречи Левица и понатаму да биде единствениот глас на народот во Република Македонија!