Поднесена декларација до Општина Велес по повод 80 години од штрајкот на велешките гимназијалци

  • Соопштение на Левица – ЛО Велес

Советниците на политичката партија Левица, по повод 80 години од штрајкот на велешките гимназијалци поднесоа декларација во која се бара денот 14 март да се прогласи за празник на Oпштина Велес.

На 14 Март 1942 година, денот кога напредните младинци – гимназијалци го кажале своето решително НЕ, на бугарските окупаторски власти.

Со силно разбудена национална свест, а под раководство на месното скоевско и партиско раководство, овие млади луѓе застанале во одбрана на својот јазик и својата национална самобитност. Имале доволно храброст, иако млади, решително да го искажат своето негодување против бугарскиот јазик и пробугарските идеи наметнати во нивното образование. Нивната храброст и одважност станале уште поголеми кога во штрајкот биле поддржани, не само од своите родители, туку и од најголем број од граѓаните од Велес.

Со оваа наша декларација би сакале да им укажеме почит и заслуга за нивното дело!