Естонската премиерка признава: Новите санкции против Русија ќе наштетат на ЕУ

Понатамошното воведување санкции на ЕУ против Русија „ќе биде сè потешко“, бидејќи тие многу влијаат на земјите од Унијата, изјави естонската премиерка Каја Калас.

„Да се ​​преговара за какви било нови санкции ќе биде многу потешко. Досега тие наштетуваа само на Русија, но сега ги погодија и Европејците. Политички е многу потешко да се донесат такви одлуки“, рече Калас пред почетокот на вториот ден на ЕУ самитот во Брисел.

Калас смета дека откако ќе се договори за шестиот пакет антируски санкции, ЕУ треба да почне да разговара за седмиот, но призна дека вклучувањето забрана за испораки на руски гас е тешко возможно.

„Мислам дека гасот треба да биде во седмиот пакет, но јас сум реалист, и сметам дека нема да биде таму“, рече таа пред почетокот на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

Западот го засили притисокот и санкциите врз Москва по почетокот на специјалната операција за денацификација и демилитаризација на Украина. Земјите од ЕУ сериозно ја разгледуваат можноста да се откажат од руската нафта и гас. Но, во исто време, шестиот пакет санкции беше блокиран долго време од некои држави.

Претседателот Владимир Путин изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија за непријателските земји, а санкциите и нанесоа сериозен удар на целата глобална економија. Според него, главната цел на САД и Европа е да ги влошат животите на милиони луѓе.