Ванковска ги собра потписите, Левица има свој претседателски кандидат

Левица има претседателски кандидат, е објавено на партиската профилна страница на Фејсбук.

-Проф. Билјана Ванковска ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10.000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, се вели во објавата.

Ванковска и официјално е промовирана во кандидатка за претседател на Македонија.