Црвената армија на Ванковска

Билјана Ванковска и официјално е кандидат за претстојните претседателски избори на Македонија. Собраните 10.000 потписи таа ги прослави со селфи од нејзиниот изборен штаб, каде прославуваше со нејзините соработници, симпатизери и волонтери.

– Мојата Црвена армија, напиша Ванковска на Фејсбук, алудирајќи на големиот број на луѓе коишто застанаа зад нејзината кандидатура.

Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 24 април, а евентуалниот втор круг на 8 мај, кога воедно ќе се гласа и за составот на парламентот.