Левица: Работниот македонски народ ќе се натпреварува да ја освои сета власт

  • Соопштение на политичката партија Левица

Проф. д-р Билјана Ванковска и официјално го доби легитимитетот да биде претседателски кандидат. Со собраните 10 000 потписи за рекордно време, конечно #Левица и работниот народ на Македонија ќе имаат претседателски избори со избор.

#Левица прва им ја фрли ракавицата на буржујските партии, и во овој историски момент влегуваме фронтално да се пресметаме со троецот СДС, ДПМНЕ и ДУИ кој непрекинато ја разбенитува Македонија.

Народот ќе има можност да избере Претседател кој суверено ќе ги брани националните интереси на Македонија, наместо да биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси.

Воедно, секој оној кој сака да даде поддршка за проф. д-р Билјана Вановска може сe уште да се потпише во канцелариите на ДИК секој ден од 8 часот до 20 часот, најдоцна до 8-ми март.

Да го симнеме Претседателот од Водно помеѓу народот!