Социјални функции на туризмот наспроти Социјален туризам

Две поими кои на прв поглед асоцираат на иста дејност, но во науката за туризмот имаат различно значење.
Овие поими ќе бидат дел од мојот иден труд за Туризам во Социјализам, а сега накратко за нив.

Една од функциите на туризмот е неговата социјална димензија која значи нели социјални придобивки за населението, вработувања итн., и социјализација преку интеракција со туристите било домицилни било странски и друго.
Тоа е воглавно неговата социјална функција.

Додека Социјален туризам значи буквално “туризам за сите”. Не постои една општа дефиниција за овој вид туризам, иако овој феномен е познат уште од 50-тите, и за него првпат пишувал Хунцикер. Главната причина денес зошто не се спомнува овој вид на туризам го наоѓаме во општествениот систем во кој живееме – неолибералниот капитализам.

Бидејќи туристичкиот производ е луксузно, капитално добро, тој не треба да биде достапен на сите. За пример ќе го наведеме јавното и приватното здравство. Социјалниот туризам бил карактеристичен во одреден период во Социјалистичка Југославија, додека со доаѓањето на капитализмот тој е уништен како и многу други колективни, јавни добра.

Социјални функции на туризмот наспроти Социјален туризам.Две поими кои на прв поглед асоцираат на иста дејност, но во…

Публикувахте от Nikola Petrov в Понеделник, 11 май 2020 г.