Израелската војска потврди дека воспоставила контрола врз регионот на Рафа

Израелската војска соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на преминот Рафа кој се наоѓа на границата со Египет, јавува Би-Би-Си. Израелските одбранбени сили ги објавија првите фотографии од тенковите кои влегле во Рафа.

Сведоци во Рафах за Би-Би-Си велат дека сигнални ракети го осветлиле небото во текот на ноќта. Имало постојан звук на бомби. Од друга страна, израелската армија вели дека убила дваесетина, како што ги нарекува „терористи“ на Хамас, и вели дека нашла три тунели во таа област околу преминот.

„Во моментов тоа е сè уште многу ограничена и прецизна операција, дека не е целосна копнена офанзива на Рафа на која предупредуваа светските сили поради ужасните хуманитарни последици во градот кој е толку преполн со Палестинци кои избегаа од борбите на друго место во Газа“, се вели во статијата на Би-Би-Си.

Во меѓувреме преговорите за прекин на огнот траат. Расте притисокот за постигнување договор. Вчера извори од Израел рекоа дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки.