Канадски левичарски писател ја нападна министерката за надворешни работи поради испраќањето оружје во Украина

Канадскиот писател и активист Ив Енглер го прекина говорот на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, обвинувајќи ги властите во Отава за ескалација на конфликтот во Украина и зголемување на ризикот истиот да се развие во светска војна.

Писателот Енглер сподели видео снимка од себе како се соочува со министерката, додека таа држи говор пред цела сала луѓе.

На видеото може да се види како левичарскиот писател влегува во конференциска сала и оди кон министерката извикувајќи: „Престанете да ја ескалирате војната. Престанете да испраќате оружје во Украина… ќе не турнете во трета светска војна“.

Инаку Канада, заедно со САД и другите земји од колективниот Запад ја поддржуваат Украина во тековниот конфликт, и постојано испраќаат ново оружје од секаков вид поради тоа што залихите на Киев беа целосно исцрпени.