(Видео) Мојсоска: Левица оди кон петнаесет пратеници – Македонија се буди

Изјава на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица, во интервју за „Утрински печат“, со Срѓан Ивановиќ.

„Кога две акционерски друштва (СДС и ДПМНЕ), кои Македонија ја имаат претворено во приватна сопственост, координирано и хистерично секојдневно ве напаѓаат, тоа е знак дека ние сме на правилниот пат.

Во однос на оваа хистерична кампања која се води, нашите инсајдерски информации кои ги имаме од овие две партии, е дека на нивните анкети Левица страшно добро котира, говориме за бројка и до петнаесет пратеници за наредни парламентарни избори.

Левица ќе биде сериозен фактор за формирање на идната влада, без нас нема да може да се формира влада и свесни се дека ние сме незгодни противници, со нас не може лесно да се преговара.“