Левица: Битола повторно руши рекорди на загаденост на воздухот

Од Локалниот огранок – Битола од Левица реагираа за енормната загаденост на возухот со кој се соочуваат жителите на Битола периодов. Од таму потсетија на ветувањата на власта и актуелниот директор на ЕСМ – Васко Ковачески, кој од опозиција тврдеше дека наместо за луксузирање, власта треба да одвојува за подобрување на еколошките стандарди на РЕК Битола.

„Со децении градот на конзулите, градот на браќата Манаки е водечки град во смртност од загаден воздух. Битолчани го дишат најзагадениот воздух, а политичките елити никако да соберат храброст да го решат овој горчлив проблем, кој претставува модерен геноцид за жителите од Битола. Деновиве повторно загадениот воздух руши рекорди, додека локалните власти се обидуваат вината да ја насочат кон огревот на дрва, со цел да се занемарат оџаците на РЕК и да се амнестираат од сопствената неодговорност.

Ги нема најавените субвенции за пониски сметки за струја, иако СДСМ како опозиција беше редовна со пресови против загадениот воздух кој ги труе Битолчани. Единствен план за да го решат проблемот е поставувањето на филтри, како што ветуваше СДСМ, за по доаѓањето на власт проблемот да го “заборават”. Се менуваат локалните власти, обвинувањата продолжуваат – а толку споменуваните филтри на оџаците на РЕК ниту една власт досега не успеа да ги воведе.

Политичките елити од СДСМ и ДПМНЕ, наводно на спротиставени страни со остра меѓусебна критика, ја делат негрижата и незаинтересираноста за бројот на заболени од карцином во Битола како лидер во Македонија. Мегаломански суми се издвојуваат за луксузи на функционери, службени возила, партиска администрација и тендери за роднини на функционери – додека основното човеково право на живот е загрозено поради алчноста за богатење на естаблишментот!Битола ќе има добри подобри времиња, затоа што Битола и Битолчани заслужуваат да дишат чист воздух. Промени ќе има.” – се наведува во реакцијата на ЛО -Битола.