Апасиев до СДСМ: Богатството на олигарсите кои ги создавате почива врз мизеријата на работникот

  • Извадок од говорот на Пратеникот Димитар Апасиев, кој на пленарната Седница се обрати до премиерот Ковачевски и до Владата

Често знаете да не обвините нас дека Левица е радикална десница, но сега ќе видиме дека вија применувате апла десничарска, неолиберална политика. Имено во ваше време класната раслоеност во државата е до невидени размери. Богатите стануваат се побогати, сиромашните стануваат се посиромашни! Креиравте елита на десет илјади брачни парови кои заработуваат седумдесет до осумдесет пати повеќе од обичниот граѓанин.

Богатството на олигарсите кои ги создавате почива на мизеријата на работникот. Десет компании прават профит од триста милиони евра, а даваат плати кои се просечни или под просекот. Три банки, Комерцијална, Стопанска и NLB само за пола година во 2022 имаат седумдесет милиони евра, осумнаесет милиони евра повеќе од 2021-та. Нив не сакате да ги оданочите, а воведуваме и остануваме на рамни даноци. Пола милион луѓе во државата, наши граѓани живеат со сто денари дневно, синдикалната потрошувачка кошница е педесет и две илјади денари во ситуација кога минималната плата е осумнаесет илјади денари.

Двајца родители да работат со плати по осумнаесет илјади денари ќе им фалат шестнаесет илјади денари за да можат да ја покријат минималната синдикална кошничка. И од каде ќе ги најдат? Ќе ги најдат од вашите брзи кеш кредити и од лихво-банкарскиот сектор. Кога ќе влезете во банка триесет страници ви е тарифницата, осумдесет проценти од вработените луѓе кои се кредитноспособни живеат во должничко роптсво на банките. Шестнаесет милиони евра само една банка прави од безкаматни приходи од само тоа што за едно „Добар ден“ ви наплаќаат! Да не зборуваме за овие брзи кеш кредити каде што за десет илјади земени треба да вратите четириесет и пет или педесет илјади денари.

Но, ништо од ова ваше чукање во гради не му помага на народот, да се изразам јакобински во духот на Робеспјер: „Народот сѐ уште шета бос по сокаци и сака да си направи чевли од кожата на аристократите.“.