(Видео) Апасиев: Додека ДУИ лета орли, секое второ дете од Полог е родено во странство

  • (Контра-реплика на пратеникот од Левица – Димитар Апасиев кон пратеникот од ДУИ – Бајрам Кадрија)

„Бидејќи не користам слушалки за превод разбрав само два збора „Социјализам“ и „НАТО“ па сега да ви ги разјасниме двете:

Во тој социјализам за кој говорите, еве ќе ја земеме Шипковица таму беше штабот на УЧК во 2001-ва. Во1980-тите, во Шипковица се родиле 130 првачиња. Во 2018 година, после две децении на Вашата партија ДУИ, се родиле само 14 првачиња!? Дали социјализмот изврши геноцид или Вашата партија изврши геноцид врз сопствениот народ?

Додека летате орли и го замајувате вашето гласачко тело секое второ дете од полог е родено надвор од Македонија.

А во поглед на НАТО, еве сега ќе ви кажам. 25 000 тони експлозив се фрлени врз Југославија, тоа е 5 повеќе од Сталингратската битка. 12 тони осиромашен ураниом, 7000 заболени од рак во Прешево, Медведје и Бујановац“