Калоѓера со книга за Рацин: „Ако Заев не си замине Бели Мугри ќе останат неисполнет сон на македонскиот народ”

Горан Калоѓера е хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска. Тој е почесен член на Културното друштво „Илинден“ од Риека и  на Друштвото на писателите на Македонија. Проф. Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири. Особено внимание посветува на книжевноста во XIX век, помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Ги изучува браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори. Од 2010 година бил почесен конзул на Македонија во конзулатот во Риека, Хрватска.

На својот фејсбук профил најави дека неговото ново дело „Рацин (1908-1943)“, е во последна фаза. Во најавата на ова дело Калоѓера не ја криеше разочараноста и огорченоста од македоските власти. Тој напиша:


„Далеку од тоа дека оваа книга ја привршувам. Но, не е далеку од својот крај. Ги читам извештаи од Македонија, следам за реакциите на Институтот за македонски јазик, литература, историја, па дури и МАНУ. Го ценам тоа, го почитувам. Луѓето работат напорно, зборуваат на јазикот на науката, што нивната влада не го признава. Сè повеќе стравувам за иднината на Македонија, нејзиниот јазик и национален идентитет.

Добивам впечаток дека на сето ова му доаѓа крај каков што не посакува ниту еден Македонец или Македонка , ниту пак го посакуваме ние од „страна“, луѓето, научниците кои едноставно сме огорчени од политиката што ја спроведува оваа влада. Нема друг начин освен да се вратите на корените. И еден од тие корени е Коста Апостолов Солев, наречен Рацин по неговата симпатија. Се навраќам на Рацин по околу триесет години, се обидувам објективно да го погледнам неговото дело, книжевно дело и придонес кон ослободувањето на неговото Повардарие, поранешна Јужна Србија, денес, за жал Република Северна Македонија. Која Рацин воопшто не ја посакуваше, во ова сум сосема сигурен.

Се враќам на новинарските дела на човек кој како образуван работник се осмелуваше да пишува за Хегел и  неговата филозофија, Драговитските Богомили, Илинден, грнчарија, иднината на новата литература и, на крај, автор на првата збирка на македонски јазик, велешкиот говор, што означи нов пат во развојот на македонската литература.

Се обидувам да зборувам за човек кој помина низ ужасната голгота на фашистичките затвори, особено бугарски, каде беше буквално масакриран, од едноставна причина, затоа што веруваше во подобро утре.

Можам да ја објавам книгата во Заедницата на Македонците во Хрватска, но тоа нема да го направам, од едноставна причина, тие не ја заслужуваат. Можам да ја објавам и на мојот поранешен филозофски факултет, но нема, бидејќи и тие не го заслужуваат тоа. Може да барам други издавачи, но нема, затоа што сум горд и пркосен човек. Книгата ќе ја објавам во библиотеката што јас лично ја основав, Библиотеката Жилковиќ од мојата Корчула. И на свој трошок, затоа што тоа го сакам.

Не знам колку оваа книга ќе помогне да се подигне свеста кај македонскиот народ, но по сите овие настани, едно ми е јасно. Оваа влада мора да си замине, Заев мора да си замине, тоа е тумор врз здравото битисување на македонскиот идентитет, и ако не се отстрани на време (а се сомневам дека ќе се отстрани), Бели Мугри ќе останат неисполнет сон на македонскиот народ.“


Daleko od toga da je ova knjiga pri kraju. Ali nije ni daleko od toga. Čitam izvješća iz Makedonije, vidim reakcije…

Posted by Goran Kalogjera on Sunday, 6 December 2020