Сирија се заблагодари на Србија за укажаната помош за време на земјотресите

Амбасадата на Сирија со билборд пред зградата на дипломатското претставништво им се заблагодари на Србија и на српскиот народ. за помошта на настраданите од разорниот земјотрес што ја погоди Сирија.

Потсетуваме дека дури и по разорниот земјотрес во кој загинаа 5.000 луѓе во Турција и Сирија, САД и ЕУ одбиваат да ги укинат санкциите што ги спречуваат Сиријците да добијат директна помош од многу земји. Овој чин е уште еден доказ за лицемерието на т.н. западни демократии кога зборуваат и држат предавање по светот за човековите права.

Поради овие санкции земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија се соочуваа со проблеми и тешко можеа да испратат помош во погодените региони од земјотресот во Сирија. Во пресрет на Сирија и сирискиот народ излезе Србија, која имаат дипломатско претставништво во својата земја и не се дел од севкупните санкции на Колективниот Запад кон оваа земја. Па така, Србија овозможи проток на донации и помош за настраданите од луѓето кои сакаа да помогнат, а живеат во земјите кои имаат воведено санкци кон Сирија.