Путин: Русија се залага за сеопфатен развој на односите со Македонија

Пред два дена во Кремељ се одржа церемонијата за предавање на акредитивни писма, свеченоста на која беа прифатени новоназначените амбасадори во Руската Федерација. Помеѓу нив беше и Ненад Колев – новоназначениот македонски амбасадор во Руската Федерација.

Во обраќањето до новите амбасадори, по однос на Македонија, рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Русија се залага за сеопфатен развој на односите со Македонија, за решавање на сите прашања важни за билатералната соработка. Во прилог ви пренесуваме дел од говорот со кој Претседателот на Руската Федерација им се обрати на новите амбасадори:

„Ситуацијата во светот сега не е едноставна, се акумулираа многу противречности, кои понекогаш изгледаат нерешливи и честопати се мешаат на нормалната, продуктивна интеракција на државите. Но, сепак, би сакал да се надевам дека активностите на амбасадите на чело со вас ќе придонесат за развој на соработката меѓу нашите земји и можете да бидете сигурни дека секој од вашите зафати и предлози што ќе одат во оваа насока ќе наидат на поддршка на руските власти и нашите деловни и јавни кругови.

Да нагласам: Русија е отворена за конструктивно партнерство со сите земји без исклучок. Нема намера да се изолираме од никого, немаме пристрасни, а камоли непријателски намери кон никого и очекуваме нашите партнери во односите со нас да се придржуваат кон принципите на рамноправност и взаемно земање предвид на меѓусебните интереси.

Токму овие пристапи се утврдени во неодамна одобрениот нов Концепт за надворешна политика на Руската Федерација.

(…) Нашата принципиелна линија во односите со Македонија останува непроменета. Ние се залагаме за сеопфатен развој на нашите односи и решавање на сите прашања од билатерално значење“.