Кина од обновливи извори на енергија произведува доволно струја за секој дом

Производството на енергија со користење на енергија од ветер и сончева енергија се зголемило за 21 отсто минатата година, покажаа податоците на Националната управа за енергетика.

Според податоците, произведени се 1.190 терават часови, додека вкупната потрошувачка е 1.340 терават часови електрична енергија што е доволно за напојување на речиси секој дом во Кина, пишува Блумберг.

Ова покажува две важни работи за енергетскиот систем на Кина. Првиот е секако брзиот раст на користењето на обновливите извори на енергија и намалувањето на зависноста од скапи фосилни горива.

Интересна е статистиката за употребата на електрична енергија во домовите. Во Кина, само 17 отсто од потрошената електрична енергија е класифицирана како станбена во 2020 година. Во истиот период, домовите сочинуваа 29 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Јапонија и неверојатни 39 отсто во САД.

Најголеми потрошувачи на струја во Кина и натаму се фабриките, кои заедно со канцелариите трошат 60 отсто од вкупната струја.

Економијата се очекува да расте многу побрзо оваа година по укинувањето на „нултата политика на ковид“ во Кина.