Апасиев: Агенцијата за употреба на јазиците набавила столици од 1.200€ како итни Ковид тендери
Пратеникот во Собранието на Република Македонија и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил соопшти за уште еден од низата скандалозни тендери спроведувани од владејачките ДУИ и СДСМ.
Во конкретниов случај, станува збор за набавкa на столици во вредност од 1.200 евра, од страна на Агенцијата за употреба на јазиците. Оваа агенција, за која како што вели Апасиев е противуставно формирана и без указ, овие столици ги набавила во време на пандемијата, под ставка како итни ковид мерки.
Илегалната и противуставна Агенција за употреба на јазиците (воспоставена на диво, со закон без указ), со која раководи некој си Илбер Села – кадар на ДУИ, за време на пандемијата, како итни КОВИД ТЕНДЕРИ си плаќала хотелски и ресторански услуги по кафани и си набавувала канцелариски материјал, меѓу кои и столици од по 1.200 €, стои во објавата на пратеникот.