Елизабета Втора почина – угнетените народи ширум светот ќе ја запомнат по колонијализмот и богатење на грбот на „нејзините поданици“

Кралицата на Британија, Елизабета Втора е мртва. Угнетените народи ширум светот ќе ја запомнат по тоа што бесрамно паразитски луксузно живееше од богатството што нејзиното семејство го грабаше како профит од робството, ширење на колонијализмот и богатење на грбот на „нејзините поданици“ низ империјата како и даноците на работниците од Обединетото Кралство.

Историјата ни укажува дека животот на Кралицата Елизабета не е ништо друго освен негативен импакт врз човековата раса. Да се потсетиме, токму Елизабета претседаваше со бруталниот британски империјализам и ги водеше активните напори кралството да ги задржи своите колонијални територии. Нејзиното семејство е поврзано со минато на расизам, наци-фашизам и педофилија.

Кралицата Елизабета воопшто не соодејствува со ликот прикажан во филмовите, не е кралица од „дизниев тип“ како што граѓанството ја замислува, таа не заслужува постхумна почит. Умре само еден симбол на паразитизмот, олицетворение на злосторствата на колонијализмот и грабежот на работниците за сметка на раскошот на монархијата. Дури и накитот на нејзината круна биле украдени од Африка и Индија!

Семејството на кралицата веројатно ги зацврстило колонијалните структури на расизмот повеќе од кој било друг ентитет во историјата. И нејзиното расистичко колонијално наследство беше поддржано со нејзиното „избелување“ (whitewashing).

Елизабета Втора никогаш јавно не ги признала, не се извинила или не ги обештетила жртвите на постапките на нејзиното кралско семејство. Да наведеме неколку:

• Грабеж на Индија преку Источно-индиската Компанија;
• Предизвикување бенгалски глад што доведе до смрт на милиони;
• Изградба на концентрациони логори во Кенија;
• Потиснување на востанието Мау Мау во Кенија;
• Извршување геноцид врз Абориџините.

Кралското семејство никогаш не ја призна трговијата со робови на британската монархија и покрај тоа што директно придонесувале, поддржувале и профитирале од трансатлантската трговија со робови. Елизабета II никогаш не се извини за колонијалното наследство на круната за грабежи од Глобалниот југ. Ниту за грабежот на накитот поставен на нејзината круна, украден од Африка и Индија.

Британската монархија претставува наследство на империјализам, колонијализам, ропство, расизам, геноцид и експлоатација ширум светот – со смртта на монарх светот не губи ништо.

Нејзиниот сопруг и втор братучед Филип од Грција е син на кралoт на Грција и Данска, Андреј – Нацист. Трите сестри на Филип се сопруги на Наци Германци, а вклученоста на Филип во Наци-семејното друштво беше замолчено и прикриено по налог на неговата сопруга, Кралицата Елизабета Втора.

Македонскиот народ не само што не треба да жали за смртта на британската кралица, туку треба и да ја осуди секоја акција преземена во вид на упатено сочувство во негово име – Македонскиот народ никогаш нема да заборави, а ниту да прости за напалм бомбите, кои британското воено воздухопловство, во поддршка на грчките монархофашисти, во текот на граѓанската војна во Грција, ги истури врз цели села и населби на Македонци, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа.