Односот кон работното време на СССР и САД
- Фејсбук статус на Јован Крајевски – Координатор на Левица – Сектор Политичка економија
Од декласифицираните документи на ЦИА дознаваме дека во ’60тите ЦИА ги истражувале политиките на СССР за должината на работниот ден. Заклучокот бил поразителен за САД – СССР ја добивала Вселенската Трка додека истовремено го намалувала бројот на работни часови во денот.
Тоа што Советите го заклучиле е дека намалувањето на работниот ден ги принудило директорите интелигентно, а не со сила, да ги решаваат пречките во производствениот процес, да планираат детално и да бидат иновативни.
Дополнително, високите плати и кратките работни денови на сметка на високите профити ги мотивирало младите и жените да се вработат, намалувајќи ја невработеноста и зголемувајќи ја продуктивноста на Советите.
Планот на СССР бил да стигнат до 3 часовен работен ден во ’80тите. Овој план во голема мера бил спречен од неволноста на САД и НАТО да го остават Источниот блок сам и на раат да си се развива.