Левица: Тутунопроизводителите го бојкотираат откупот на тутун

  • Реакција на Политичката партија Левица

Иако официјално почна откупот на тутунот, на откупните пунктови нема достава на тутун. Тутунопроизводителите го бојкотираат откупот и не го предаваат тутунот на откупувачите, со барање истиот да се плати реално.

Цената која им се нуди од 300 ден за килограм прва класа е прениска за вложените инпути и тутунарите бараат истиот да се плати по 600 ден килограм. Годинешниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони.

Лошите владините политики овие години во однос на тутунот, а и сите други земјоделски производи, доведоа до намалување на производството и на посеаните површини.

Левица изразува поддршка на легитимните барања на тутунопроизводителите, да истраат во нивниот бојкот на откупувачите, да не го предаваат тутунот додека не им се исполнат барањата за исплата на реална производствена цена.