Како успева Словенија да ги привлече младите Македонци?

  • Пишува: Анета Манчевска

Наталитетот во Европа е еден од аспектите на демографијата што претставува предизвик во повеќето земји. Во последните децении, наталитетот се намалува заради различни причини: значително зголемување на постаро население, се раѓаат помалку деца, жените сакаат да градат кариера, тука игра улога и економскиот аспект. 

Во Словенија има хронично намалување на наталитетот,  работоспособно население има сè помалку, пензискиот фонд е оптоварен, а вработени Словенци во фабриките веќе дури ѝ ги нема.

*ЖивородениУмрени
20202021202220231)20202021202220231)
Јануари1.5761.5541.4801.3681.9752.6422.1192.181
Февруари1.3501.3551.2941.3191.8981.8592.1401.802
Март1.5271.5881.4241.2841.8611.9502.0461.846
Април1.4801.5051.3041.2711.7531.8071.8341.656
Мај1.6061.5221.5591.4721.5981.7491.7121.709
Јуниj1.6061.5441.5221.4591.6181.6931.6221.633
Јули1.7071.7671.6521.5431.5841.5451.7751.668
Август1.7371.8151.5791.5581.6241.5181.7931.610
Септември1.6971.6791.6021.4551.6691.7771.5581.556
Октомври1.6481.6211.5271.3912.1001.9901.8061.817
Ноември1.4021.4981.3173.0982.4321.832
Декември1.4311.5361.3673.2382.2992.255

*Табеларен приказ на родени, наспроти умрени, месечно (за 4 години)

Словенија, за да го спречи ова, ИТНО презема мерки и кампањи за привлекување на млади.

Според директорката на Заводот за вработување на Република Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц, околу 4.000 Македонци годинава нашле работа во Словенија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани. 

Словенија полека ни ги зема ѝ студентите. Пред 20 години имало само 48, а лани 1.516 студенти од Македонија.

Во септември, оваа година, се одржа настан „Запознај ја студентска Словенија“, со поддршка на Амбасадата на Словенија и НЛБ Банка, каде беа презентирани предностите и условите за студирање во Словенија.

Која е стратегијата за успех? 

Земјата има квалитетно и бесплатно образование. Користи најнова технологија и лаборатории, можности за пракса, избор на посакувани предмети, можност за вклучување во различни проекти и студентски организации кои имаат сопствен буџет кој го користат за социјализација, поттикнување на идеи и т.н. 

Во 2016 година, во Љубљана бил потпишан Протокол меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, со кој е договорена бесплатна школарина и стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанти од Македонија на високообразовните институции во Словенија и тоа за студиско усовршување на високообразовните институции за кандидати до 26-годишна возраст. Протоколот предвидува и доделување на три стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и две (2) стипендии за посета на двонеделен курс по словенечки јазик.

Заводот за вработување на Словенија со поддршка на Амбасадата на Словенија во Скопје е активен на нашиот пазар за привлекување на работна сила преку различни програми и презентации во Скопје, Битола, Прилеп, информативни веб портали регистрирани во нашата земја, платени новинарски текстови каде успешно ја промовира својата земја и јазик.

Иако Словенија е мала европска земја со малку повеќе од 2 милиони жители, таа е една од најчистите и најбезбедните држави во Европа со развиена индустрија во области како што се информациска технологија, фармација, туризам, автомобилска индустрија и финансиски услуги.

Дали и колку Македонија инвестира во својата младина?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во Република Северна Македонија се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени се 18.073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со минатата година, е намален за 3.1 %, додека пак бројот на умрените лица во 2022 година изнесува 22.459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година. Наталитетот е помал од морталитетот на населението. Но, за разлика од Словенија, Македонија нема активни мерки за стимулирање на родителство, ниту пак, програми за вработување на млади. Фокусот на државата не е во младите, ниту во образованието.

Според последните истражувања од страна на УНИЦЕФ, Македонија се соочува со криза во учењето, а постигнувањата на учениците се под просекот на учениците од Западен Балкан и ЕУ. Соседните земји постигнале подобри резултати од учењето, со малку повисоки нивоа на инвестиции за образованието. 

Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) покажува поразителни резултати. Во Западен Балкан сме најслаби (во читање, математика и природни науки).

Во планираниот буџет за 2024 година, за да се подобрат условите за учење во основното образование во земјата, со заем од Светска банка ќе продолжи финансирањето на реализацијата на Проектот за унапредување на основното образование. Државата зема заеми за да го унапреди образованието, додека пак, од расходите за основно образование се трошат за плати за вработените во училиштата, за договорни услуги и привремени вработувања, а нема доволно средства за капитални инвестиции, обнова и одржување на објектите во добра состојба, како и инвестирање во професионалниот развој на кадарот.

Во однос на 2023 година, во планираниот Буџет за 2024 година кај ставката млади, има намалување за дури една третина, т.е. се крати буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 16% и тоа кај сите програми.

Колку се инвестира во образование и наука?

Во земјава се троши помалку за образование за разлика од просекот на меѓународно ниво, но и овој процент е во опаѓање. Со 3,7 проценти од БДП во 2018 г. (сега е 3,2 проценти), јавното трошење за образованието во Македонија е најниско во Западен Балкан и многу пониско од просекот од 5,2 проценти од БДП во ОЕЦД или од просекот од 4,9 проценти во 27 земји-членки на ЕУ.
Состојбата да биде уште позагрижувачка, Владата и министерот за образование и наука наместо да водат образовна политика, се занимаваат со политика во образованието. И, истите тие не чувствуваат одговорност за уништување на генерациите кои остануваат неписмени и незаинтересирани за темелно учење и вложување во истото.

Министерството за образование, како и секоја година, и за следната година, ветува дека ќе троши најмногу за реконструкција и изградба на основни училишта и спортски сали во основните училишта, за средни училишта, додека за ученички домови, за изградба и реконструкција на студентски домови, е воздржана во планираните средства. 

Науката повторно не е во фокусот на Владата, иако научниците од земјава со години апелираат дека имаме најниска ставка за оваа намена во регионот. За наука за 2024 година се планирани приближно 446 милиони денари, или речиси 7,2 милиони евра. Од овие средства, 64% или 285 милиони денари (4,6 милиони евра) се наменети за научните институти, од кои 66% се за плати, 21% за стоки и услуги, додека, пак, за капитални инвестиции има 13%.

При ребаланс на буџетот, т.е. кога ќе  снема пари во буџетот, први за кратење се овие ставки во истиот. Постојано низ годините сите планирани капитални инвестиции кои се најавуваат прават една „розова слика“ која во реалноста е многу поинаква. 

Левица се залага за квалитетни програми за учење, поттикнување за развој и напредок на младите, нови и обновени училишта и универзитети, нови ученички и студентски домови, достоен оброк за секое дете, платена пракса, праведни можности за вработување.

„Иднината е во нашите деца, затоа да го негуваме тоа што го имаме“.