Апасиев: Само работничката класа е државотворна – Левицата повторни ќе ја воскресне републиката

  • Извадок од историскиот говор на Димитар Апасиев на денешната собраниска Комисија за промена на Уставот, кој се однесува на улогата на левицата во моменталниот историски контекст

Сега доаѓаме, и со тоа ќе завршам, на историската улога на левицата во процесот – не само на нас како Левица, туку општо на левицата. Се наоѓаме во момент на идеолошки банкрот на буржујските партии, и оттука историска нужност е појавувањето на нова левица, бидејќи историски се покажало дека самоорганизираната работничка класа е државотрворната.

Не овие корумпирани елити, не овие бизнисмени, не овие недоквакани нереализирани професорчиња, само работничката класа е државотворна! Тоа го покажавме на АСНОМ, тоа ќе го покажеме пак. Почитуван Премиере, децата на транзицијата која вие ја започнавте за да не ограбите, пораснаа и ви дишат во врат. Сега сме двајца, но на следните избори ќе бидеме двоцифрен број. Ние тоа го правиме, конечно сме внатре и инклинираме кон македонизмот.

Да не беше Левица се досега ќе шитнавте – поради нас повторно македонскиот патриотизам е кул. Левица е новата генарија на македонските неподмитливи политичари која ја воскресна чистата совест на нацијата. Затоа, Левица ќе ви пресуди вам како социјалдемократи на наредните избори.

Ние повторно ќе ја воскреснеме Републиката – затоа македонски народе, не паѓај во духот! Овие квислинзи ќе завршат на буништето на историјата, додека некои од нив и во затвор, верувајте. Повторно ќе се роди новото сонце на слободата, а уставни измени нема никогаш да има!