Лавров: САД, НАТО и ЕУ се директно вклучени во украинскиот конфликт

  • На прес-конференцијата по 77-та сесија на Генералното собрание на ООН, Мистерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров одговарајќи на новинарски прашања зборуваше за учеството на САД, земјите од НАТО и колективниот Запад во војната во Украина. Во прилог неговото обраќање по ова прашање:

Никогаш не сум слушнал дека на САД им се „заканува“ некаков удар. Знам дека претседателот Џон Бајден рече дека ако се одржат референдуми и нивните резултати бидат усвоени, Русија ќе се соочи со „пеколни“ санкции. Ако се изнесе ваква заканувачка теза: „Русија неизбежно ќе добие удар“, тогаш би сакал да се запознаам со овој текст. Не знаев дека САД и Украина се сојузници врзани во таков опасен „синџир“.

Во однос на правните аспекти за учеството на Западот во оваа војна, луѓето кои ја следат ситуацијата веќе повеќе или помалку им стана јасно што се случува. Украина е отворено напумпана со оружје. Згора на тоа, В.А.Зеленски секојдневно бара оружје или од Германија или од Израел. Во исто време, тој го критикува Израел дека не дава оружје во количината што ја бара Украина или се повикува на фактот дека тој самиот нема.

На Киев му се обезбедуваат разузнавачки информации, податоци од сателити. За поддршка на вооружените сили на Украина и националистичките баталјони, Западот има достапна констелацијата која се состои од приближно 70 воени сателити и двесте сателити на приватни компании. Не така одамна, еден од командантите на вооружените сили на Украина, коментирајќи ја употребата на американското оружје на бојното поле, рече дека Американците имаат право на „вето“ за тоа како ќе се користи нивното оружје и за изборот на целите кои ќе се напаѓаат. Што е ова, ако не директно вклучување во војната со употреба на смртоносното оружје и директно учество во војната?

И Американците, и членките на НАТО и Европската Унија велат дека не се страни во конфликтот. Но, ако е така, тогаш да ја земеме во предвид правната страна на работата, имаме соодветни конвенции е на сила. Постојат Хашки конвенции усвоени во 1907 година („Конвенција за законите и обичаите во војна на копно“ и „Конвенција за положбата на непријателските трговски бродови на почетокот на непријателствата“). Тие поставуваат своја инфраструктура од која никој не ги откажа. Во конвенцијата која се однесува на обврските на неутралните сили во копнена и поморска војна, се наведува дека не само државите кои се декларирале себеси како неутрални за сите прилики (како што е Швајцарија) под поимот „неутрални“, се подразбираат и сите држави кои не се страни во вооружен конфликт.

Да потсетам дека ниту САД ниту НАТО ниту ЕУ не се декларираа како страна која учествува во она што се случува во Украина. Но, ако е така, тогаш членот 6 од оваа конвенција изречно забранува снабдување со оружје и војска од страна на неутрални, односно држави кои не учествуваат во конфликтот, вклучувајќи, воени бродови, муниција и каков било имот каде се одвиваат дејствијата на завојуваните земји. Па така, со снабдување со оружје на Киев, од страна на САД, ЕУ и НАТО не можат да бараат статус на неутрални или статус на земји кои не учествуваат во конфликтот.

Дополнително, една од конвенциите изрично забранува отворање на центри за регрутирање на територијата на неутрални држави. Сите знаете како украинските амбасади и генерални конзулати во европските и другите земји отворено објавија на нивните веб-страници покана да се приклучат во „светата војна“ против Русија, односно беа вклучени во директено регрутирање платеници.

Западните земји кои дозволија тоа да се прави на нивна територија повторно ја прекршија конвенцијата за неутрални држави и со тоа покажаа дека не се надворешни набљудувачи, туку директно се вклучени во конфликтот.

Еден од членовите на конвенциите забранува користење на комуникациите за воени цели. Веќе реков дека, преку владите на западните земји, двесте приватни сателити, вклучувајќи ја, се разбира, компанијата Starlink, директно се вклучени во оваа војна. Има сателитска и копнена инфраструктура. Вклучувањето на овој ресурс во војната значи и дека САД воопшто не се неутрални во оваа ситуација, туку се јавуваат како страна во конфликтот.