Нацист нападна училиште во Ижевск, убиени 11 деца

Вооружен лице упаднало во училиштето бр.88 во Ижевск и отворил оган, има мртви и повредени. Снимката од местото на настанот можат да се видат на Ria.ru.

Трагедијата во Ижевск се случи денес (понеделник) наутро. Училиштето бр. 88 било нападнато од неговиот поранешен матурант роден во 1988 година, вооружен со два пиштоли и боева муниција.Човекот бил облечен во црна маичка со нацистички симболи и капа, најпрвин го убил чувар, а потоа почнал да пука во сите што ќе ги види наоколу.

Според последните податоци, загинале 15 лица, од кои 11 се деца. Повредени се повеќе од 20 лица. Напаѓачот се самоубил, а во себе не носел никакви документи.

По пукањето во училиштето, истражителите отворија кривична истрага за убиство на две или повеќе лица и нелегална трговија со оружје.

„Во моментов 23 пациенти се под медицински надзор во болниците во Ижевск, од кои 21 се деца. Состојбата на 12 лица е оценета како сериозна, останатите се во состојба со умерена тежина“, се вели во соопштението на министерството за здравство.