Гана го отфрла американскиот долар во трговијата со нафта

Потпретседателот на Гана, Махамуду Бавумиа, оваа недела откри дека владата сака да плаќа во злато за увоз на нафта наместо во американски долари, како што е моментална пракса. Оваа идеја тој ја објасни како дел од планот планот да се заштитат сè помалите девизни резерви на земјата.

„Владата на Гана работи на нова политика за купување нафтени деривати со резерви на злато наместо со американски долари“, рече потпретседателот Махамуду Бавуми во четвртокот.

Официјалните податоци покажуваат дека бруто меѓународните резерви на Гана паднаа од 9,7 милијарди долари на крајот на 2021 година на околу 6,6 милијарди долари на крајот на септември 2022 година.

Политиката злато за нафта се очекува да се спроведе во првиот квартал на 2023 година, за да се спротивстави на инфлацијата предизвикана од падот на националната валута.

Иако Гана произведува нафта, земјата сè уште мора да увезува одредени енергенси, бидејќи нејзината единствена рафинерија за нафта е надвор од функција по експлозијата која се случи во 2017 година.