Кина ги игнорира желбте на САД поврзани со санкции кон Иран

И покрај обидите на САД да извршат притисок кон земјите од светот, па дури и да принудат дел од нив да го намалат купувањето на иранска нафта, сепак Кина ги зголеми своите набавки на иранска нафта за 8%. 

Според бројките објавени во вторникот од страна на Кинеската Царинска Управа, кинескиот увоз на иранска нафта се зголемил за 8% во периодот помеѓу месеците јуни и јули. Ова зголемување се случи истовремено кога САД се обидоа да го зголемат притисокот против Иран и да ја изолираат земјата во регионот на Блискиот исток. Санкциите против Иран беа засилени во мај, токму за да се запре земјите што тргуваат со Исламската Република Иран. 

Кина во моментов е најголем клиент на Иран за нафта и долго време се спротивставуваа на санкциите и агресијата на САД против земјата.

„Соочувајќи се со оваа ситуација, Кина како одговорна земја се согласува да работи со Иран како и со останатите земји во насока на мултилатерализмот и почитување на основните правила на меѓународната политика и да ги поддржува вистинските интереси на секоја земја“, рече Ванг Ји (Wang Yi), еден од високите претставници на дипломатијата во Кина. 

Кина дополнително соопшти и дека е подготвена да ги брани своите врски со Иран, без разлика каква ке биде одлуката на САД во врска со ова прашање. 

Иран, исто така, е задоволен од врската со Кина. Говорејќи од Пекинг, министерот за надворешни работи, Зариф, рече дека Иран е многу возбуден во однос на кинеската „Иницијатива појас и пат“ и дека тоа ке биде „иднината на нашиот регион и нашите глобалните интеракции“.  

Кина исто така работи со други држави кои САД се обидоа да ги санкционираат, како што е Венецуела, каде Кина достави хуманитарна помош и економски инвестиции, занемерувајки тоа што САД воведоа блокада на земјата.