Левица: Владата ќе ги жртвува социјално загрозените граѓани

  • Реакција на политичката партија Левица

Државата има обврска кон згрижувањето и следењето на социјалните случаи. Сепак, тие неретко се оставени сами на себе да живеат во многу лоши услови, непосетени и незаштитени од државните институции.

Центарот за социјални работи како институција при Министерството за труд и социјална работа, е должен да открива, следи и проучува социјални појави и проблеми, како и да применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита и непосредно да помага на граѓани, семејства или групи на население.

Зошто Центарот на овие појави не реагира благовремено?!

Според нашите информации, хаосот кој владее во ЦСР Скопје е директна последица на лошото менаџирање на директорот, поради којшто околу 70 вработени изминатот период дадоа оставка од своите работни места.

Левица, како партија која ги застапува интересите на работничките, земјоделските и безимотните класи, остро ги осудува ваквите непостапувања на институциите и повикува на одговорност од функционерите и оставка на оваа ненародна и мафијашка Влада!