Мециновиќ: Два „лидери” милионери го рехабилитираат фашизмот во Македонија

Портпаролот на Политичката партија Левица во фејсбук статус кратко ја прокоментира одлуката за официјализирање на широката коалиција помеѓу Мицкоски и Ковачевски. Претседателите на олигархиските партии тој нарече „лидери милионери“ и констатираше нивна заедничка работа во спроведувањето на бугаризацијата и рехабилитацијата на фашизмот.

„Ова е коалиција на сродните, на меѓусебно познатите. На два ‘лидери’ милионери, од енергетската олигархија. На заеднички интерес. За да се наметнат уставни измени. За да се рехабилитира фашизмот. За странци да ни ги поробуваат работниците по 72 часа неделно. За странски служби да ни управуваат со внатрешната политика. За да се згасне пркосот на македонскиот народ. За да замре и оној последен привид на демократија, и тогаш:Искрата на народниот отпор може да стане огин на револуцијата“, – напиша Мециновиќ.