Јанчев: Улогата на амбасадата на САД во промената на Уставот

  • Пишува: Саше Јанчев – член на Советот во Општина Гевгелија

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков амерички тим кој што, пази ова, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

Одма после првичното пуштање на ваква сензационална вест, америчката амбасадорка оди на средба со европските, антикоруптивни, антикриминални и прогресивни Груби, Османи и Ахмети од исто толку антикорупциската, антикриминалната, проевропска и прогресивна партија ДУИ.

Одма после ваквата сензационална вест за америчко агресивно ловење корупција преку америчка амбасада излегува антикоруптивниот, антикриминалниот, проевропски, зелен и прогресивен Османи, кој пред камери кажува како они од власта побарале од америчка амбасада и стратешкиот партнер помош во лов на корупција. Ајде мајката.

Откако СДС, а пред се ДУИ, си ставија нивни, понаивно не може, луѓе на клучни места во правосуден систем, како што се шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал (комшијата на Ахмети кој случајно практикувал слики од формално-правен карактер со функционери на ДУИ), како претседателката на Судски совет која цел живот е приправник, стручен соработник, ама член на правна комисија на СДС, значи после осигурувањето на вакви клучни функции за гонење на криминал и корупција, ТЕК СЕГА американската амбасада агресивно ќе лови криминал и корупција со свој тим??? Овие ликови од ДУИ и СДС кои се на клучни позиции во правосудни органи ќе ги гонат пријавените за корупција од тој фамозен амерички тим??? Ајде мајката.

Кој ја голта оваа приказна???

Кој ја голта оваа приказна особено после првичната игранка со промената на Уставот за промена на името и шашмата која се одигра со осумте пратеници од ДПМНЕ?

Истата шема е и сега во игра. Никаков лов на корупција, никакви бакрачи. Јасно е ко ден. Сценариото е исто, остатокот се нијанси.

Наместо СЈО, сега имаме американски тим што агресивно ќе лови корупција и на пратениците од ДПМНЕ кои ќе бидат “фатени” со раче во мед, новите осуммина, ќе им се заканат со затвор. Она фатени е во наводници оти веќе ги знаат. Вујко Сем, Големиот брат, секако знае се, дури и кога одат на мочање. Дополнително на таквите ќе им се даде уште една понуда, таква шо нема да може да ја одбијат. Кakо на Крсто Вратар Муковски. Понудата ќе биде сакате да кренете раче за уставни измени и да ви дадат куп тендери ко на фирмите на Муковски, или сакате затвор?

Арно ама пред јавноста и широкото членство на ДПМНЕ таа приказна не може да помине. Не е добро за имиџот на стратешкиот партнер САД, а не е добро и за Мицковски, кој ако одигра ко за промената на името треба да си го добие ветеното премиерско место.

И како ќе се перат? Па се разбира, исто како за името, со уставобранителите. Оние луѓе кои беа насанкани од ДПМНЕ да ја бранат власта на ДПМНЕ со влез во Собрание, кои заработија затвор, чии слободи после, за пред јавноста, беа трампани за промената на името.

Нормално, сите тогаш не добија слобода во таа трампа за амнестија, ама затоа сега делот што остана од нив во затвор сега ќе се стави на маса под изговор за помирување за европскиот пат. Така нема да биде мафијашки дил и лошо по имиџот на САД, ами ќе биде прогресивно и европски, а така и Мицковски ќе претрпи што е можно помала штета.

Сума сумарум, промена на Уставот, парадоксално на грбот на уставобранители, Мицко малку херој, малку предавник оти ги ослободил уставобранителите и оти се налутил и ги избркал новите осум од партија (помала штета за него и ДПМНЕ) и прогресивниот имиџ на САД обезбеден.

Мицко и ДПМНЕ задоволни, стратешкиот партнер задоволен, Бугарија задоволна, ДУИ задоволни, СДС секако се распаднати, а НАРОДОТ ЗАЕБАН.

Е нема да може овојпат другари. Сте се заебале дека на оваа игра два пати ќе не фатите.

Ќе не фатевте да немаше начин како сево ова да се минира. А има и ние на сите ќе го раскажеме.

Лекот на оваа операција е следен. Секој пратеник на ДПМНЕ кој ќе добие пријава од ова фамозно тело за гонење на корупција веднаш да си даде оставка од пратеничката функција како не би можело да се прави притисок врз него за да избира помеѓу затвор и промена на Уставот.

Така на негово место ќе дојде наредниот на избирачката листа. Тоа се понизок партиски ешалон и шансите да се заглибани во тежок криминал се помали, а и да имаат раче во мед, ќе им треба време да ги одработат до пријава и така ќе се купи време до наредни избори.

Во спротивно, ако оние пратеници од ДПМНЕ кои ќе бидат идентификувани како пратеници со раче во мед од ова америчко тело, ако не си дадат оставки за да не може да се влијае на нив, игранката и предавството на Мицковски и ДПМНЕ ќе бидат јасни ко ден.

На крај краева некој и да биде осуден секако шансите се да не лежи и пресудата да падне во вода. Една финта е иницираните постапки од ова америчко тело да паднат во вода пради нелегален начин на стекнати докази. На кој начин ќе води истрага, собира докази или се меша во постапка на собирање докази ова америчко тело кое не е државно тело на државата Македонија и нема законски основ за тоа? А нелегално стекнати докази се третираат како да непостојат. Исто како шо се третира снимката на Заев во која Заев бара евро за вице.

Големата слика е оваа. Ова е време за распад на СДС Врховистичка. Ова е време на Пасокизација на СДС. Тоа не е така оти јас или некој друг така сака, ами тоа е политички закон кој ги погоди сите социјалдемократски партии после нивните економски предавства на нивните народи. Пасокизацијата на СДС ќе биде дополнително пострашна поради тоа што, покрај економското, имаа и голо национално предавство. Сметката е Пасокизација.

Арно ама ова може да биде и време на распад на ДПМНЕ. За тоа треба две работи.

Едната е да продолжат со тачизам, кој е апдејдиран заевизам, кој пак е апдејтиран груевизам.

Втората е да одиграат во оваа игра за промена на Уставот која нема да помине така како шо е замислена без последици по нив.

Тачизмот веќе го практикуваат. Пола работа е завршена. Останува уште ова.

Апел до Мицко и пратениците на ДПМНЕ.

Берете ум и коа ќе дојде правиот момент таргетираните пратеници правовремено да си дадат оставки како на нивно место би дошле чисти кои не може да бидат предмет на закани за лежење затвор доколку не би гласале за промена на Уставот.

Во спротивно покрај пасокизацијата и распадот на СДС ќе има и распад на ДПМНЕ.

Македонија ќе опстои, истрпела она и поголеми душмани, ама вие нема да опстоите.