Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорка на градинка во Штип

Поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорка на градинка во Штип, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Попречување на правдата“. – стои во соопштението.

Во обвинението за директорката се вели дека таа извршила јавна набавка за детски реквизити, но истите никогаш не биле доставении монтирани.

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Македонија за сума од 2.593.601 денари.