Се почеста криминалната манипулација со работниците

Работниците повторно измамени- овојпат канцелариските работници, имено графички дизајнери.

Иако маката на професиите во канцеларија неспоредлива со онаа на шивачи, рудари или лица што работат на каса, сепак – како работници – се експлоатирани од страна на газдите или во нивен почест случај – од држатели на договор.

Следниот случај е добар пример зашто треба синдикализација и меѓусебна организација на овие работници.

На 25 јули, во 2 часот по полноќ во фејсбук групата “Creative Exchange”, Ангела Мачек објавила пост каде што бара “итна изработка на лого”, при што повеќето членови во групата одбиле, поради нејзиното доцно барање.

Но, еден човек го прифатил овој не-договор и во текот на ноќта изработил лого; притоа проверувајќи го нејзинито портфолио онлајн и заклучувајќи дека со такво резиме “нема шанси да касни нејзината исплата”.

Се разбира, тоа било далеку од вистината. Мачек му ветила на овој работник исплата од 250 евра до крајот на неделата и откако не го исполнила нејзиното ветување, почнала да разговара со него користејќи манипулации и изговори за неврачените пари.

Приказнава, иако типична, завршува со неплатен работник кој излезе јавно на фејсбук со нејзините манипулации. Тој тврди дека овој однос е нешто што не го очекувал.

Во реалноста, ваков однос спрема газда-работник е чест, особено кај професиите во канцеларија како што е позицијата графички дизајнер. Честа пракса е овие работници – како и нивната професија – да се омаловажува и исплатите за нивниот труд да се изостават.

Единствен начин да се реши проблемот е организација на самите работници.

На еден работник ќе му е тешко да се спротистави на газдата. На два – полесно. Но кога постои цел синдикат за да поднесува барања до газдите и да нуди правна помош доколку работните услови се лоши или договорите непочитувани – таму лежи моќта на работникот. Во организација.

Но, зошто нема поголема организација на овие професии?

Еден одговор е дека се релативно нови – никнати и проширени во време на општество што се фокусира примарно на капитализам и индивидуализам. За разлика од професиите како шивач, рудар и слично – кои сѐ уште го имаат во нив духот на организација – канцелариските работни места се активно разубедени од истиот. Било да е тоа со манипулација на плати или кодоши кои го известуваат газдата за било какви обиди за организирање, на културата на “white collar”, односно канцелариските работници ѝ треба фундаментална промена. И разгорување на свеста и довербата дека во група лежи силата.