САД ги ескалираше санкциите кон Венецуела во целосно ембарго
Во понеделникот Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави зголемување на економските санкции кон Венецуела во целосно економско ембарго на карипската држава.
Извршната одлука на Трамп ги замрзнува сите финансии на Венецуела и забранува секакви трансакции кон земјата. Овој потег е прв ваков на било која западна влада во последниве неколку декади. Единствените други земји кои се мета на ваква економска војна се Иран, Сирија, ДНР Кореја и Куба.
Според Трамп, демократски избраниот претседател на Венецуела е „нелегитимен“ и неговото извршување на должноста за која е избран е „узурпација“. Нормално, ова се само празни зборови: вистинската причина е економскиот интерес на американските корпорации во огромните нафтени извори во Венецуела.
Годинава САД, преку нивните вазали во венецуелската олигархиска опозиција, имаа обид за државен удар во Венецуела и превземање на власта од страна на неизбраниот Гуаидо. Според инсајдерски извори во владата на САД неуспехот на државниот удар е причина САД да ја промени својата стратегија и наместо да се потпира на опозицијата, да ја урниса земјата економски.
Ембаргото кон Венецуела се очекува да ги влоши состојбите во земјата, пред се инфлацијата која и онака беше висока поради санкциите. Како резултат на слабеење на економската сила на Венецуела се очекува да има голем број човечки жртви – но кога тоа ја спречило Империјата?