Си играат држава, си играат со нашите животи и релативизираат после секоја трагедија

Статус на Весна Кираџиева – Кандидат за градоначалник на Општина Аеродром


„Психопатски убијци! Ете тие си играат држава, си играат со нашите живот и релативизираат после СЕКОЈА ЕДНА ТРАГЕДИЈА и катастрофална грешка!

Продолжуваат да си играат со човечките животи, а ние им дозволуваме!
После секоја катастрофална последица, не следуваше никаква одговорност.
По несреќата кај Ласкарци!
По пожарите кои ја зафатија и пеплосаа пола Македонија, а се реагираше задоцнето и со застарена и неодржувана опрема!
По скандалот со 250 пасоши на белосветски криминалци!
По скандалот се неиздавање пасоши, регистарски таблици, свидетелства!
Постојано во топ 5 на светски листи по број на смртност од Ковид поради нестручен третман и несоодветни услови за третман на заболените!
За Мијалков како избега, па се врати и за Кичеец кој треба да е во затвор, ама прави сообраќајка каде почина недолжен сега се чини и банално да се зборува.
И уште мал милион скандали, што не можам да се сетам на сите…
ЛУЃЕ ЖИВИ ИЗГОРЕА ПСИХОПТСКИ УБИЈЦИ!!!
Ова сето се случува затоа што НИКОЈ не беше обвинет за ништо! Никој не понесе ОДГОВОРНОСТ ни ОСТАВКА! Затоа што за никој од овие криминали не беше санкциониран кривично и морално!

А партиските релативизатори уште имаат образ и понатаму да релативизираат, да наоѓаат изговори, бедна криминална багра!

Дали вака ќе релативизираа ако се работеше за нивни семејства, ако не беше нивната партија на власт да ја бранат после секој психопатски криминал?!!

Доста! ДОСТА! ОСТАВКИ И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!
Ова не се несреќни случаи, ниту инцидентни грешки!
Ова е шаблон на криминално неспособни хохштаплери кои МОРА ДА ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО!

ОДГОВОРНОСТ И ОСТАВКИ – градоначалничка, министер, премиер, директор на клиника и одговорен за ковид центарот!!!

Додека не почнат да се санкционираат кривично, вака ќе продолжиме да си гинеме еден по еден, утре може да биде некој од вас и вашето семејство! Не заборавајте кого и за колку грошеви штитите и дали вреди!”