Активисти на Левица со герила акција пред довлечканите членови на ДПМНЕ кај нотарот на ДУИ

Активисти на Левица со да се испрати реалната слика за новоизгласаниот ДУП С3 16, се појавија пред нотарот на ДУИ, каде се собираат потписи за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Денес, активисти од Левица, со цел да се испрати реалната слика за новоизгласаниот ДУП СЗ 16, се појавија пред Нотарот од ДУИ каде се собираат потписи за кандидатката за претседател од ДПМНЕ, Гордана Силјановска Дафкова. Градоначалникот Стојкоски, функционерите и раководството на ДПМНЕ, дрско и безобразно ги лажат и “своите”, ги лажат жителите, граѓаните чија безбедност и живеење го доведуваат во ризик сѐ со цел исполнување на заткулисниот дил и профитирање од истиот. 💸Упорно избегнуваат да го споменат и го релативизираат моментот за над 30 станбени згради, висококатници, како и профитот од 240.000.000 евра кој ќе им го донесе ним и на инвеститорите меѓу кои и Имер Селмани, овој шверцерски протнат ДУП за протегот карши пазарот во Ѓорче Петров.

-Им порачуваме дека #Левица нема да дозволи доуништување на хуманото живеење, хаос, бетонизација; нема да дозволи да ги ЛАЖЕТЕ граѓаните и до крај ќе се бори против овој мафијашки план на коалицијата ДПМНЕ-СДСМ-ДУИ од кој ќе профитираат тие на штета на жителите на Ѓорче Петров и град Скопје.

Видеото погледнете го на следниот линк.