Жена ќе ја предводи советничката листа на Левица која прва поднесе листа до ОИК Делчево

Партискиот огранок на Левица од Делчево е прва од партиите ја поднесе советничка листа со која ќе настапи на локалните избори, а која ќе биде предводена од Сања Николовска, како носител на листа. Сања Николовска е дипломиран правник на универзитет „Гоце Делчев” во Штип, на Правен факултет – правосудна насока (петгодишни студии). Својот работен ангажман го насочува на граѓанското право.