30 години независна, или поточно – Капиталистичка Македонија

Статус на Васко Цацаноски


За споредба, 30 години сме „независни“, а пред тоа 45 години „зависни“ (веројатно од Белград, стварно не знам од кого сме биле зависни). Тоа е 2/3 од времето, сосема доволно за да се споредат успесите.

Социјалистичка Македонија – излезена од војна, и вековни континуирани окупации, без речиси никаква индустрија, без високообразовни институции и со неписменост од 80%. Во тие 45 години стигна до рамноправна меѓународно призната членка на федерација, со сите воспоставени институции, стандардизиран јазик, инфраструктура речиси од нула изградена, училиште во секое село, високообразовни институции во кои доаѓале и странски студенти да се образуваат.

Независна – или поточно (секогаш треба да се користат точните термини) Капиталистичка Македонија, кражба и распродажба на се што е создавано 45те години, огромна невработеност, која дури денес е значително намалена пред се благодарејќи ја огромниот број иселени. Неспособноста на капиталистичката власт оди до таму што не знаеме ни колку сме, па оперираме со туѓи проценки дека 25-30% (500.000 – 600.000) од луѓето си заминале. Друга причина за намалувањето на невработеноста се разбира се и „месиите“ странски инвестиции, дојдени тука поради багателната работна рака.

Изградбата на било кој поскап објект се разбира е на странски кредит од странски изведувачи (знаењето замислете сме го изгубиле), а задолженоста е барем 3 пати поголема отколку кога бевме „зависни“. Распаднато здравство, распаднато школство, распадната инфраструктура, анти-лидери во заштита на животната средина… Немаме пари да ги искречиме школите и болниците, не па да направиме нови (а и што ќе ни се, кога сме толку малку?!). Буџетот го полниме со распродажба на се што има да се продаде. Почнавме со фабриките, па стратешките индустрии, па природните ресурси, на земјиштето, и се разбира животната средина.

Една од „радостите“ на независноста е „демократијата“. Запрете тука, за миг пробајте да ги заборавите папагалски повторуваните фрази овие 30 години. Дали искрено мислите дека во било кој миг во 30ве години, вие преку избраните претставници одлучувате и ги носите одлуките? За незапознатите, во Социјалистичка Југославија доаѓале Финци за да го изучуваат за нив успешниот пример на локална самоуправа.

Вели власта 30 години независност – до бескрај повторувајќи ги сите овие години нивните (не нашите) аспирации за членство во ЕУ и НАТО. Не ми е јасно, како тоа слават независност, а како на грамофонска плоча ги повторуваат „ЕУ и НАТО стратешките интеграции“. Зарем бидувањето во било каква унија или сојуз не е барем делумно губење на независноста? Колку сме независни кога при секој општествен проблем напомош се повикува „меѓународната заедница“ (еуфемизмост за ЕУ и НАТО). Колку сме независни кога „стратешките“ партнери ти кажуваат како да се викаш, дали и како смееш да се браниш, како да ја уредиш државата, кои ресурси мораш да го продадеш, со кого да си пријател, кому да му продадеш / од кого да купиш нешто….? Благодарејќи на стратешките партнери денес сме дефакто би-етничка држава со две паралелни влади кои владеат на своите територии не-мешајќи се во штипките на вториот. Национализмот како прекрасна алатка на капитализмот, 30 години успешно си ровари на двете страни (оти две се дефакто, сите „други“ навистина се само „други“), но истовремено каписталистичките класи, исто како и мафиите, немаат проблем во соработката и покрај етничкото кошкање.

Сликата од веста што ја проследувам, иако е во врска со Ковид пандемијата носи голема симболика за „празникот“. Ковид дигресија, ако не знаете ние сме во топ 5 земји во светот по смртност, а не Индија, САД и Бразил како што ви прикажуваат каписталитичките медиуми. Верувале или не ,државата после 1.5 години од пандемијата сеуште нема протокол за лекување од Ковид по кој би се воделе матичните лекари. Ете, затоа насловот од веста е многу соодветен – прославата за „независноста“ е ограничена на 1000 посетители. Многу точна бројка – само 1000 луѓе, се разбира пред се капиталисти(*) навистина имаа добивка од независноста и има што да слават. ( * за да е поразбирливо за тие што не сакаат да знаат во какво општествено уредување живеат, современите термини за капиталисти сеЧ газди, претприемачи или бизнисмени ).

Она што е подеднакво важно е да се погледне и подалеку од носот. Бидејќи само така може да се види дека трулежот не е локален, туку е системски. Само така може да се види дека не е до „злите“ Македонски политичари овие 30 години, туку до воведениот капитализам. Зарем е подобро во соседството? Зарем е подобро во другите земји од распаднатата Југославија? Ќе ја спомнат Словенија како добар пример. Се разбира дека е компаративно подобар, но ем исклучокот го потврдува правилото, ем многу веројатно дека не сте збореле со некој Словенец за да ви ја раскаже трулоста на нивната олигархиска влада. (ова многу поширока е темата од еден ФБ пост, но ете само за блиц споредба, кога Македонија имала 80%, Словенија имала 10% неписменост).

Им честитам на 1000те од сегашната и од поранешната црвената буржоазија. Сите незезнавте, се зграбивте, а при тоа успехот да е уште поголем, најголем дел од работниците дури ни после 30 години појма немаат што е причината за грабежот, за нивната сиромаштија и уништена перспектива и најважно од се, украдената надеж за подобар живот.

Ама серозно сега, ние останатите што навистина треба да славиме?