Земја на НАТО избра партија која и врти грб на САД и ветува прекин на помошта за Украина

Словачката левичарска партија на Роберт Фицо победи на парламентарните избори во саботата, со предност од 6 процентни поени пред нејзиниот прозападен ривал, Прогресивна Словачка.

Роберт Фицо има јасно водство по гласањето во Словачка, но ќе треба да најде коалициски партнери за да формира влада.

Фицо во кампањата јасно стави до знаење дека повеќе нема слепо да го следи водството на САД, доколку биде избран. Руската служба за надворешно разузнавање минатата недела пред изборите излезе со информација дека Вашингтон е подготвен да направи секакви сценарија, вклучително и уцена и поткуп, за да обезбеди победа за актуелната словачка влада која е безусловен подржувач на Западните политики.

Поранешниот премиер Роберт Фицо, вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина и јавно ги критикуваше санкциите на Европската унија кон Русија како неефикасни и штетни.

„Ние сме мирна земја“, изјави Фицо на митинг минатата недела, додавајќи дека ако неговата партија победи, „нема да испрати ниту една пратка муниција во Украина“.

Партијата на Прогресивна Словачка, цврст поддржувач на политиките на ЕУ, е второпласирана со нешто повеќе од 17 отсто од гласовите, со преброени 95 отсто од гласачките ливчиња.

Проевропската партија ХЛАС (Глас) е трета на изборите, само помалку од 15%. Лидерот Питер Пелегрини  не ја отфрли можноста за коалицирање со Фицо.

Бидејќи ниту една партија нема да освои мнозинство места, Словачка ќе треба да формира коалициска влада. Словачката национална партија, исто така, го надмина прагот од 5%, и лидерот Андреј Данко изрази подготвеност да се приклучи на коалицијата со Фицо .

Изгледите за влада предводена од Фицо го вклучија алармот во ЕУ, каде што официјалните лица во Брисел стравуваат дека тој би можел да и се придружи на Унгарија во оспорувањето на консензусот на ЕУ за поддршка на Украина и да стави вето на идната воена помош или да гласа против дополнителни антируски пакети санкции.

Членката на НАТО Словачка досега го снабдуваше Киев со оклопни транспортери, хаубици и борбени авиони МиГ-29 од советската ера.