Виетнам е државата која нема ниту еден смртен случај од Ковид-19

Држава со над 96 милиони луѓе и која истовремено граничи со Кина, успеа да се справи со пандемијата подобро од повеќето држави кои се економски помоќни.

Како Социјалистичка Република Виетнам се справи толку успешно во борбата против коронавирусот?


– Навремено донесени цврсти одлуки од виетнамската  влада со приоритет на зачувување на здравјето на луѓето,  дури и ако економијата претрпи последици;

– Владата итно воведе вонредна состојба откако беше дијагностициран само шестиот случај од корона-вирус и веднаш започна со спроведувањето на социјално дистанцирање,  карантински мерки, како и таргетирано тестирање, при што досега се направени речиси 185.000 бесплатни тестови;

– Беа започнати информативни кампањи за запознавање на јавноста со пандемијата, со цел граѓаните да бидат запознаени што може да очекуваат и што треба да прават, вклучително и носењето маски;

– Студенти по медицина, пензионирани лекари и медицински сестри беа мобилизирани да се приклучат на борбата на првите редови;

– Тесна соработка помеѓу државните институции, министерствата, социјалните движења и политичките организации (како комунистичкиот младински сојуз „Хо Ши Мин“). Премиерот на Виетнам борбата против коронавирусот ја нарече „Пролетната офанзива на 2020 година“, алудирајќи на воената офанзива на Виетнам со кој беше поразен империјализмот на САД во 1975 година;

– За да се минимизираат последиците од карантинот врз работниците и нивните семејства, Владата одобри пакет финансиска поддршка од 111 милиони американски долари, кој вклучува покривање на сите трошоци за работниците кои се во карантин или кои се опоравуваат од болеста;

– За да се обезбеди достапност на храна, Владата обезбеди основни прехрамбени производи во населбите кои се во карантин преку инсталирање машини во вид на банкомати за бесплатен ориз и го стопира извозот на ориз во други земји;

–  Покрај националните мерки, Виетнам донираше 550.000 маски за Европа, испрати 450.000 заштитни костуми во САД и донираше заштитна облека, медицински маски, опрема за тестирање на Камбоџа, Лаос и Индонезија во духот на меѓусебна поддршка до земјите-партнери .

Светската здравствена организација и Светскиот економски форум го пофалија Виетнам за својот сеопфатен и нискобуџетен модел за превенција на болеста. Додека пандемијата покажа како некои богати земји делуваат себично, Виетнам покажа дека постои уште еден лек за пандемијата: солидарноста.