Владетелите на Габон поседувале огромен имот – 34% од населението живеело во сиромаштија во земјата богата со нафта

Поранешниот претседателот на Габон, Омар Бонго, имал: 70 банкарски сметки, 39 станови, 2 Ферари, 6 автомобили Мерцедес, 3 вили и Бугати во Франција. Владеел 42 години (1967 – 2009).

Омар Бонго имал над 50 деца од разни жени, и сите биле високи функционери во институциите на Габон. Така ја дефинирал својата моќ и не дозволувал никаква опозициска консолидација. А лично тој бил намесник на колонијална Франција.

Неговиот син Али Бонго ја презеде власта во 2009 година а вчера беше соборен со државен удар.

Али Бонго еднаш увезол лажен снег во Претседателската палата, за неговото семејство да има снежен Божиќ. 33,4% од населението на земјата живее во сиромаштија и покрај тоа што е богата со нафта, а има население од само 2,4 милиони луѓе.

Улични прослави избувнаа во главниот град Либревил откако воени офицери го соборија претседателот.

  • Ингормациите се преземени од: Никола Петров